• понеделник, 23 декември 2024

Во Тетово државен избор на „Вешта жена“ и одбележан 30 годишен јубилеј

Во Тетово државен избор на „Вешта жена“ и одбележан 30 годишен јубилеј
Тетово, 15 октомври 2022 (МИА) – Организацијата „Вешта жена“ од Тетово денеска ја одржа централната републичка манифестација со која воедно се одбележаа и 30 години постоење. Во натпреварувачкиот дел учествуваа вкупно 15 учеснички од цела држава кои се натпреваруваа во две категории. Шест од нив за титулата „Вешта жена Гран при“ и девет за категоријата „Вешта жена 2022“. - За „Вешта жена Гран при“ е прогласена Петра Атанасовска од Скопје која подготви маса со главно јадење и десерт посветена на матурска вечер. Второ место е за Јулијана Гоцевска од Македонска Каменица  со маса наречена „Титаник“ додека трето место Оливера Ширгоска од Кичево, со маса насловена „Сончогледи“.  Во категорија „Вешта жена 2022“  победи Јулијана Златаноска од Гостивар, втора беше Марина Пешиќ од Куманово, а третото место го освои Кате Мицеска од Скопје, информираше Снежана Жана Стојановска, претседателка на Вешта жена. На манифестацијата се промовираше и монографијата „Вешта жена 30 години јубилеј“. - Главната содржина за овие 30 години е огромна борба жените да дојдат на пиедесталот кој го заслужуваат. Успеавме почнувајќи од 1992 година кога со група жени почнавме една приказна. И нашето очекување не беше толку големо, но денес се потврдува дека со овие средби од сите овие градови дека жената го ужива авторитетот кога самата ќе успее да се избори. За да се дојде до 30 години постоење, тоа е една голема борба во позитивен смисол. Жените остануваат на пиедесталот без разлика дали некој им ги признава резултатите, квалитетни жени, семејства огромни, со огромна љубов меѓусебна и споделена љубов. Во салата ја имаме Македонија во мало, порача Снежана Жана Стојановска. Стручно жири во натпреварувачкиот дел ги оценува учесничките за подготовка на главно јадење, десерт и аранжман на маса. ас/мс/

Остани поврзан