Во тек се активности за поставување сообраќајна сигнализација на три улици во Неготино
- По спроведената постапка за јавна набавка и врз основа на договорот помеѓу Општина Неготино и фирмата „Виа сигнал“ ДООЕЛ-Скопје, во тек се активности за поставување на сообраќајна сигнализаци

Неготино, 10 март 2022 (МИА) - По спроведената постапка за јавна набавка и врз основа на договорот помеѓу Општина Неготино и фирмата „Виа сигнал“ ДООЕЛ-Скопје, во тек се активности за поставување на сообраќајна сигнализација на три улици во градот Неготино, информираат од локалната самоуправа.
- Се работи за улиците „Едвард Кардељ“, „ЈНА“ и „Антигона“. Проектот се спроведува согласно програмата ,,Ј6 – Одржување и заштита на локални патишта и регулирање на режим на сообраќај", појаснуваат од општината.
Вредноста на работите што се изведуваат, како што велат оттаму, изнесува 649 019 денари. свд/ар