Во тек подготовките за велосипедската тура околу Калиманско Eзеро
- Во тек се подготовките за јубилејната петта велосипедска тура во природа „Tour the Kalimanci Lake 2022“. Пријавувањето за учество на трката околу водите на Калиманско Езеро, како што информир

Македонска Каменица, 12 август 2022 (МИА) - Во тек се подготовките за јубилејната петта велосипедска тура во природа „Tour the Kalimanci Lake 2022“. Пријавувањето за учество на трката околу водите на Калиманско Езеро, како што информираа организаторите, е до 1 септември 2022 година.
-Патеката е во категорија на средно тешки патеки, во должина од 40 километри. Се вози по комбинирана офф-роад и асфалтна подлога околу водите на Калиманско Езеро. Стартот е на 4 септември 2022 година во 9 часот од Паркот на рударите во Македонска Каменица, информираа организаторите.
За сите учесници кои ќе се пријават ќе важат посебни правила за безбедност кои ќе бидат задолжителни.
-Задолжително носење заштитна кацига, исправен МТВ велосипед, патна опрема, резервна гума, шушкавец и дрес/маичка зависно од временските услови се главни услови за учество. Стартниот пакет од 300 денари, вклучува маичка за секој учесник, патна храна, овошје, вода и ручек во Македонска Каменица по завршување на турата, додадоа организаторите на петтата велосипедска трка околу Калиманско Езеро.
Трката е во организација на група ентузијасти и од година во година е се помасовна со учество на велосипедисти од земјава и странство. вс/мд/