• петок, 05 јули 2024

Во тек имунизацијата на вработените во училиштата и градинките на истокот

Во тек имунизацијата на вработените во училиштата и градинките на истокот
Штип, 5 јули 2021 (МИА) - Почна имунизацијата на вработените во училиштата и градинките од источниот регион, кои досега не беа опфатени. На штипскиот вакцинален пункт во салата „Јордан Мијалков“ спуштена е возрасната граница и секој граѓанин, кој има над 18 години може да дојде и да ја прими првата доза на вакцина. Иле Постолов, лекар на вакциналниот пункт, вели дека со спуштањето на возрасната граница од страна на граѓаните има интерес, а аплицирањето се одвива без проблеми и гужви пред и во пунктот. -Денеска имаме закажано ревакцинација на 20 пациенти со „Астра Зенека“ и околу 420 пациенти со „Фајзер“. Во тек е и вакцинација со прва доза со вакцината „Синовак“, исто така можам да напоменам дека луѓето можат слободно да се вакцинираат, со прва доза иако сè уште немаат добиено термин, вели Постолов. Се очекува во текот на оваа недела да се закажат и термините за вакцинација и за вработените во високообразовните институции. вдј/ир

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан