Во тек е исплата на образовниот додаток за вториот мерен период за учебната година 2025/2026 година
- Министерството за социјална политика, демографија и млади ги информира граѓаните дека во тек е исплатата на образовниот додаток за вториот мерен период од учебната 2025/2026 година.
Скопје, 27 февруари 2026 (МИА) - Министерството за социјална политика, демографија и млади ги информира граѓаните дека во тек е исплатата на образовниот додаток за вториот мерен период од учебната 2025/2026 година.
Од Министерството појаснуваат дека исплатата на образовниот додаток се реализира во четири мерни периоди во текот на учебната година.
Исплатата за првиот мерен период се врши во текот на декември во тековната календарска година, за вториот мерен период во февруари во наредната календарска година, за третиот мерен период во мај во тековната календарска година, а исплатата за четвртиот мерен период се реализира во текот на јули во тековната календарска година. дма/вј/
Фото: Министерство за социјална политика, демографија и млади