Во тек дополнителна исплата на образовен додаток за учебната 2023/2024 година
- Министерството за социјална политика, демографија и млади известува дека во тек е исплатата на образовен додаток – дополнителна исплата за учебна година 2023/2024 година.

Скопје, 31 октомври 2024 (МИА) - Министерството за социјална политика, демографија и млади известува дека во тек е исплатата на образовен додаток – дополнителна исплата за учебна година 2023/2024 година.
Како што информира, дополнителната исплата се врши согласно Законот за заштита на децата во случај ако има позитивно решени жалби и задоцнето известување од страна на училиштата.
-Во овие случаи исплатата за правото на додаток за образование се врши до 31 октомври во тековната календарска година за претходната наставна година, наведува Министерството во соопштение. хс/дма/
Фото: МИА архива