Во тек градежни активности на Церски пат, Моштица и Саса
- Во рамки на Договорот за бетонски работи и партерно уредување, во Македонска Каменица се реализираат повеќе инфраструктурни зафати, информира градоначалникот Димчо Атанасовски.
Македонска Каменица, 22 септември 2025 (МИА) – Во рамки на Договорот за бетонски работи и партерно уредување, во Македонска Каменица се реализираат повеќе инфраструктурни зафати, информира градоначалникот Димчо Атанасовски.
На Церски пат во тек е изградба на заштитен бетонски ѕид, со кој се обезбедува поголема безбедност на коловозот и во сообраќајот, додека во село Моштица се градат помошни отворени објекти кои се во завршна фаза, а во село Саса започнати се подготвителни активности за изградба на нов бетонски мост.
-Со овие активности вложуваме во квалитетна патна инфраструктура и обезбедуваме подобри и побезбедни услови во секојдневниот живот на сите наши граѓани. Продолжуваме да градиме поубава и посигурна иднина за Македонска Каменица, изјави градоначалникот Атанасовски.
Градежните активности се дел од пошироката стратегија на општината за унапредување на локалната инфраструктура и подобрување на квалитетот на живот на граѓаните. вс/вј/
Фото: МИА