• петок, 12 јули 2024

Во тек активности за доуредување на Градскиот стадион во Македонска Каменица

Во тек активности за доуредување на Градскиот стадион во Македонска Каменица
Македонска Каменица, 17 февруари 2022 (МИА) - Продолжуваат градежните работи на Градскиот стадион во Македонска Каменица. Со цел поголема безбедност и удобност на посетителите при следење на фудбалските натпревари кои во Првата машка и женска фудбалска лига продолжуваат викендов, како што информираа од Јавното претпријатие Камена Река, денеска се реализираа активности за доредување на трибинскиот простор на стадионот. -Во пресрет на почетокот од пролетниот дел на фудбалските сезони во машка и женска конкуренција, Јавното  претпријатие Камена Река пристапи кон доуредување и разубавување на Градскиот стадион во Македонска Каменица. Денешните активности опфаќаат отстранување на високостеблести дрвја и џбунеста вегетација околу Куќата на спортот, темелно чистење на трибнискиот дел, како и боење на заштитниот ѕид со помошните објекти во склоп на стадионот, информираа од Претпријатието. Оттаму додадоа дека паралелно се работи и на други активности околу тревнатите површини на самиот стадион. -На самиот терен во тек е изградба на нови пристапни патеки и поставување на заштитна ограда кај трибинскиот дел, додадоа од ЈП „Камена Река". Оттаму додадоа дека ваквите и слични активности за подобрување на условите за спорт ќе продолжат и во наредниот период. вс/вј/  

Остани поврзан