Во текот на оваа седмица променливо облачно со честа појава на локални врнежи од дожд и грмежи
- Под влијание на влажна и нестабилна воздушна маса времето во текот на оваа седмица времето ќе биде променливо облачно и нестабилно со честа појава на локални врнежи од дожд и грмежи.

Скопје, 5 мај 2025 (МИА) - Под влијание на влажна и нестабилна воздушна маса времето во текот на оваа седмица времето ќе биде променливо облачно и нестабилно со честа појава на локални врнежи од дожд и грмежи.
Од УХМР најавија дека на места процесите ќе бидат поинтензивни во форма на невреме со пообилен пороен дожд (за кратко време поголема количина), грмежи, силен ветер (над 60 км/ч) и изолирана појава на град.
Во Скопје, до крајот на оваа седмица времето ќе биде променливо облачно и нестабилно со повремен дожд и грмежи. Во делови од котлината ќе има услови за појава на краткотрајно невреме со пообилен пороен дожд, грмежи, силен ветер и изолирана појава на град.
До петок ќе дува умерен до засилен јужен ветер и температурите ќе бидат без поголема промена, а од сабота со засилен северен ветер ќе бидат во опаѓање. цр/нд/
Фото: МИА архива