• петок, 05 декември 2025

Во текот на вчерашниот ден на грчките острови Крит и Гавдос пристигнале над 250 мигранти

Во текот на вчерашниот ден на грчките острови Крит и Гавдос пристигнале над 250 мигранти

Атина, 22 октомври 2025 (МИА) – Во четири одвоени случаи во близина на грчките острови Гавдос и Крит за само неколку часа биле откриени 268 мигранти, но и уапсени три лица под сомнение дека се криумчари, јави дописничката на МИА од Атина.

Во близина на градот Ираклио на Крит, биле откриени 97 лица, меѓу кои и девет деца, кои пристигнале со чамец и безбедно биле пренесени на пристаниште.

Меѓу спасените биле и двајца државјани на Судан, кои останатите ги посочиле како криумчари и се уапсени, а чамецот во вечерните часови во неделата отпловил од либиското крајбрежје кон Грција.

Исто така во близина на Ираклио бил откриен уште еден чамец со 26 мажи и две деца, а и во овој случај еден судански државјанин бил уапсен како криумчар.

Во близина на плажа на малиот остров Гавдос, најјужната точка на Грција, бил откриени 101 мигрант, сите мажи, а паралелно брод на Фронтекс интервенирал за спасување на 19 мажи, 13 жени и десет деца, кои со гумен чамец биле во близина на островот.

Сите 143 лица од двата случаи биле префрлени на Крит и сместени во привремениот центар за прием на островот. ср/ми/

Остани поврзан