Во с.Цера, Македонска Каменица се одржува манифестацијата ,,Бабина Баница"
- Во каменичкото село Цера денес се одржува манифестацијата ,,Бабина Баница". Настанот кој се одржува во прегратките на манастирско-туристичкиот комплекс Еленец.
Македонска Каменица, 15 јуни 2025 (МИА) - Во каменичкото село Цера денес се одржува манифестацијата ,,Бабина Баница". Настанот кој се одржува во прегратките на манастирско-туристичкиот комплекс Еленец.
-Традиционалниот народен собир ,,Бабина Баница'” е ден кога се слави традиционалната кујна од овој регион, преку подготовка на специјалитетот ,,Баница под вршник”, а сето тоа надополнето со пригодна музичка програма во чистата природа на селото Цера, се вели во најавата на организаторите на настанот.
На настанот се очекува да присуствуваат над 5000 посетители од целата држава како и од соседните земји.
Бабина Баница е настан во организација на Културно информативниот центар „Романса“ од Македонска Каменица во соработка со Општина Македонска Каменица. вс/нд/
Фото: МИА