• сабота, 27 јули 2024

Во Судан договорено ново 72-часовно примирје со посредство на САД и Саудиска Арабија

Во Судан договорено ново 72-часовно примирје со посредство на САД и Саудиска Арабија

Картум, 28 април 2023 (МИА) – Двете страни во конфликтот во Судан, регуларната армија Судански вооружени сили (САФ)  и паравоените Сили за брза поддршка (РФС), се согласија да го продолжат примирјето за уште 72 часа, со посредство на САД и Саудиска Арабија, јавија британските медиуми.

Новото примирје стапи на сила вечерва на полноќ по локално време.

Суданските вооружени сили (САФ) претходно соопштија дека САД и Саудиска Арабија посредувале во договорот за прекин на огнот, а примирјето ќе се користи за евакуација на странски државјани од Судан.

Вооружената борба за превласт меѓу суданската армија и РСФ избувна на 15 април и досега во жесатоките борби загинаа неколку стотици лица. сд/

Остани поврзан