• петок, 22 ноември 2024

Во Струмица се одржа Бадникарска поворка и концерт на плоштадот

Во Струмица се одржа Бадникарска поворка и концерт на плоштадот
Струмица, 6 јануари 2022 (МИА) - Децата од школото за веронаука при Струмичката епархија денеска учествуваа во Бадникарската поворка, која тргне од храмот „Свети Кирил и Методиј“ до градскиот плоштад „Гоце Делчев“, каде се одржа концерт со божиќни песни, каланди. На пат кон плоштадот децата беа пречекани и поздравени во општинската зграда од градоначалникот Костадин Костадинов, кој заедно со владиката Јаков на дечињата им подели пакетчиња. -Ја славиме заедницата меѓу Бог и човекот, која што се остварува во Христовата личност, којшто е совршен бог и совршен човек, а децата ги иконизираат ангелите и нивните песни и онаа песна што одекнала во вселената пред 2.000 години од ангелските чинови „Слава на Бога во висините, на земјата мир, меѓу луѓето добра волја“. И еве денес создаваме црковна традиција во автентичен христијански дух и се надевам Бог да ја овековечи и до крајот на светот да трае овде во Струмица, рече владиката Јаков. Божиќниот концерт имаше хуманитарен карактер. Донациите собрани за време на неговото одржување, заедно со средствата од продажбата на ракотворбите од школото за веронаука кои ќе се продаваат на новогодишниот базар, ќе бидат наменети за лекување на двајца струмичани. рт/цр

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан