• недела, 22 декември 2024

Во Струмица отворен Локален совет за женско претприемништво

Во Струмица отворен Локален совет за женско претприемништво
Струмица, 7 ноември 2022 (МИА) - Со одржување на конститутивна седница денеска во Струмица беше отворен Локалниот совет за женско претприемништво чии основни цели се развојот на претпримништвото кај жените и зголемување на бројот на жени претприемачки преку унапредување на деловно опкружување и бизнис климата во Општина Струмица. Формирањето на Советот е врз основа на Стратегијата за поддршка на женско претприемништво за периодот од 2019 до 2024 година. - Во Струмица има голем број успешни жени претприемачи и донесовме неколку конкретни заклучоци-пред Советот на општина Струмица да излеземе со предлог сите ново отворени компании од жени во првата година да бидат ослободени од плаќање фирмарина. Покрај тоа, договоривме да се изработи веб-страница за потребите на Советот за претприемништво, а планираме и одржување на саем за женско претприемништво кој треба да се одржи во Струмица, како и низа други активности со даваме голем придонес за родовата еднаквост, истакна градоначалникот Костадин Костадинов. На денешната основачка седница беше потенцирано дека овој Совет ќе работи на подобрување на конкурентноста и унапредување на капацитетите на женско претприемништво во Струмица, градење на стратешки партнерства преку поврзување на жените претприемачки од Општина Струмица со други жени претприемачки, како и стимулирање на иновациите во женско претприемништво во Општината. рт/сст/

Остани поврзан