Во Струмица на чист понеделник со бел грав означен почетокот на велигденскиот пост
- На чист понеделник, кој се одбележува во рамките на карневалските празнувања во Струмица, со делење и јадење бел грав, кој се подготви на градскиот плоштад, беше означен почетокот на велигденскиот пост
Струмица, 23 февруари 2026 (МИА) - На чист понеделник, кој се одбележува во рамките на карневалските празнувања во Струмица, со делење и јадење бел грав, кој се подготви на градскиот плоштад, беше означен почетокот на велигденскиот пост.
Пред делењето гравот беше благословен од свештеници од Струмичката епархија, а градоначалникот Петар Јанков со соработниците прв го вкуси белиот грав.
Одбележувањето на чистиот понеделник беше збогатено со настапот на игроорците од КУД „Фолклорна низа“ од Струмица.
Оваа традиција има длабоки корени во Струмица и во чаршијата и во домовите на струмичани се подготвува бел посен грав. рт/лв/
Фото: МИА