• петок, 15 ноември 2024

Во Струмица лишени од слобода две лица кај кои при претрес е пронајдена дрога

Во Струмица лишени од слобода две лица кај кои при претрес е пронајдена дрога

Скопје, 7 октомври 2023 (МИА) - Полициски службеници од Секторот за внатрешни работи Струмица, синоќа, во 22.30 часот, во Струмица  го лишиле од слобода Ј.М. (34) од Струмица, затоа што во патничкото возило „санг јонг“ со бугарски национални ознаки, управувано од негова страна, бил пронајден кокаин.

Како што соопшти МВР, исто така, вчера, врз основа на наредба од судија на претходна постапка, бил извршен претрес во домот на З.Б. (58) во Струмица, поради основи на сомнение дека му ја продал дрогата на Ј.М..

-При претресот биле пронајдени повеќе полиетиленски пакувања со кокаин, марихуана, дигитална вага, шприц исполнет со кафеава материја и пари во различни апоени. Ј.М. и З.Б. биле лишени од слобода и задржани во Полициската станица Струмица. По целосно документирање на случаите против нив ќе бидат поднесени соодветни пријави до надлежното обвинителство. вг/

Остани поврзан