• среда, 17 јули 2024

Во Стар Дојран приведен криумчар на мигранти

Во Стар Дојран приведен криумчар на мигранти

Скопје, 7 август 2023 (МИА) - Во Стар Дојран, полициски службеници од Полициската станица за граничен надзор и гранични проверки Стар Дојран го лишиле од слобода И.Х.(22) од Египет.

- Околу 07.30 часот тој бил затекнат со група од 25 лица мигранти (меѓу кои пет малолетници), сите од Сирија и по преземени мерки било утврдено дека тој ги организирал и им помогнал илегално пеш да ја поминат државната граница од Република Грција во Република Северна Македонија, појаснија денеска од МВР.

Мигрантите биле сместени во прифатно – транзитен центар во Гевгелија, а И.Х. бил задржан во полициска станица. По целосно документирање на случајот, во координација со јавен обвинител, против него ќе биде поднесена соодветна пријава. цр/са/

Фото:МИА

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан