• недела, 22 декември 2024

Во Сребреница поставени билборди со порака: Ние не сме геноциден народд

Во Сребреница поставени билборди со порака: Ние не сме геноциден народд

Сребреница, 23 мај 2024 (МИА) - Во Сребреница, каде денеска ќе се одржи проширена седница на Владата на Република Српска, по повод расправата за резолуцијата за наводниот геноцид извршен во овој град за време на минатата војна, се поставени плакати и билборди со порака на кирилица - „Ние не сме геноциден народ“.

Во пресрет на седницата на Владата, состојбата во Сребреница е мирна, без никакви инциденти.

На еден објект на влезот во градот забелеќано е воено знаме на т.н. Армија на Босна и Херцеговина, која во меѓувреме е отстрането.

Знамињата на Република Српска се истакнати на сите градски институции и столбови за улично осветлување, јавува РТРС.

Не се најавени протестни собири. Мерките за безбедност се подигнати на највисоко ниво.

На подрачјето на Братунац и Сребреница има голем број новинарски екипи.

Властите на Српска ќе положат цвеќе и венци на српските гробишта во Братунац. паг/

Фото: РТРС

Остани поврзан