Во сообраќајна несреќа во Јужна Африка загинаа 45 аџии од Боцвана
- Четириесет и пет аџии загинаа на северот на Јужна Африка кога автобусот во кој се наоѓале паднал во провалија.

Кејптаун, 29 март 2024 (МИА) - Четириесет и пет аџии загинаа на северот на Јужна Африка кога автобусот во кој се наоѓале паднал во провалија.
Осумгодишно девојче ја преживеа несреќата и е хоспитализирано.
Возачот изгубил контрола над автобусот, кој слетал од мост и кога удрил на земјата се запалил. Настрадаа 31 жена и 15 мажи од Боцвана, од каде тргнале на одбележување на велигденските празници.
Јужноафриканскиот претседател Сирил Рамафоса упати сочувство до семејствата на жртвите. рп/
Фото: МИА архива