• понеделник, 23 декември 2024

Во Солун потпишан Меморандум за соработка меѓу Министерството за култура и Европскиот центар за византиски и поствизантиски споменици

Во Солун потпишан Меморандум за соработка меѓу Министерството за култура и Европскиот центар за византиски и поствизантиски споменици
Скопје, 4 јуни 2021 (МИА) - Министерството за култура на Република Северна Македонија денеска во Солун потпиша Меморандум за соработка со Европскиот центар за византиски и поствизантиски споменици. Меморандумот, како што информираат од Министерството за култира, го потпишале министерката  Ирена Стефоска и претседателката на Управниот одбор на центарот, Наталиа Пулу. - Денеска го направивме првиот формален чекор од она што се нарекува ново поглавје во културната соработка меѓу нашите држави. Се радувам за она што го носи иднината. На сите ви посакувам продуктивна и плодна работа заедно, рече министерката Стефоска на чинот на потпишување. Претседателката на Управниот одбор на Центарот, Наталиа Пулу, се вели во соопштението, изразила задоволство и надеж дека соработката која започнува во доменот на конзервацијата и реставрацијата, ќе прерасне и во соработка на научно поле, издавање публикации и популаризација на културното наследство. Меморандумот претставува основа за соработка меѓу нашите надлежни институции за заштита на културното наследство и Европскиот центар, за размена на експерти, како и за обука на кадар за конзервација и реставрација. Двете земји, информираат од Министерството за култура, ќе соработуваат и на развој на проекти и нивно промовирање во европските институции, како и за заедничко аплицирање во фондовите на ЕУ. Потпишувањето на Меморандумот, се вели во соопштението, било иницирано во рамките на неодамнешната посета на делегација од Република Грција, како потврда на отвореноста за конкретна соработка меѓу двете пријателски земји. аа/дма/

Остани поврзан