• четврток, 04 декември 2025

Во Собрание продолжува надзорната расправа за аерозагадувањето

Во Собрание продолжува надзорната расправа за аерозагадувањето

Скопје, 26 мај 2025 (МИА) - На петтата седница на собраниската Комисија за здравство денеска треба да продолжи надзорната расправа на тема „Ефектите од аерозагадувањето во Скопје и во другите градови врз здравјето на луѓето и мерките што се преземаат за заштита на јавното здравје".

Надзорната расправа почна на 20 мај. Комисијата за здравство покани сведоци од различни државни органи, институции, јавни претпријатија, научни институции и граѓански организации, со цел да дадат искази и одговори на комисиските членови и на другите пратеници.

Станува збор за втора надзорна расправа за аерозагадувањето, откако на 25 февруари годинава, се одржа надзорна расправа организирана од Левица и од СДСМ во Постојната анкетна комисија за заштита на слободите и правата на граѓанинот, шго не беше поддржана од владејачкото мнозинство. бд/са/

Фото: МИА архива

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан