• петок, 05 декември 2025

Во Собранието ќе заседава Комисијата за надворешна политика и надворешна трговија

Во Собранието ќе заседава Комисијата за надворешна политика и надворешна трговија

Скопје, 28 ноември 2024 (МИА) - Во Собранието денеска седница ќе одржи Комисијата за надворешна политика и надворешна трговија.

Членовите на Комисијата ќе дискутираат по Предлог на законот за ратификација на Протоколот за изменување на Спогодбата од Маракеш за основање на Светската трговска организација, за прифаќање на Спогодбата за субвенции во рибарството, Предлог на законот за ратификација на Деветтиот дополнителен протокол на Уставот на Светскиот поштенски сојуз, Десеттиот дополнителен протокол на Уставот на Светскиот поштенски сојуз и Единаесеттиот дополнителен протокол на Уставот на Светскиот поштенски сојуз, Предлог на законот за ратификација на Договорот помеѓу Владата на Република Северна Македонија и Владата на Република Косово за статусот на припадниците на Армијата на Република Северна Македонија и Безбедносните сили на Република Косово за време на нивното привремено стационирање на териториите на горенаведените држави, Предлог на законот за ратификација на Протоколот за елиминирање на недозволената трговија со тутунски производи.

На дневен ред на седницата на Комисијата е и Предлог на законот за ратификација на Договорот за соработка во заштита од катастрофи во Западен Балкан, Предлог на законот за ратификација на изменувањата и дополнувањата на Конвенцијата за заедничка транзитна постапка (консолидирана верзија), Предлог на законот за ратификација на Договорот за признавање на професионалните квалификации на медицинските сестри, докторите по ветеринарна медицина, фармацевтите и акушерките во контекст на Централно-европскиот Договор за слободна трговија и Предлог на законот за ратификација на измените и дополнувањата на Регионалната конвенција за Паневромедитерански преференцијални правила за потекло. фф/вг/

Фото: МИА Архива

Остани поврзан