• сабота, 23 ноември 2024

Во Словенија збор на 2020 година е карантин

Во Словенија збор на 2020 година е карантин
Љубљана, 11 јануари 2021 (МИА) - Центарот за истражување при Словенечката академија на науките и уметностите соопшти дека збор во 2020 година е „карантин“, а потоа следад „бициклизам“ и „14 дена“. Покрај 14-дневниот период на изолација поради ризичните контакти, што подоцна беше намален на 10 дена, зборот карантин се користел и за затворањето воопшто. Возењето велосипед беше еден вид протест против Владата на премиерот Јанез Јанша за време на рестриктивните мерки воведени поради пандемијата со Ковид-19. - Карантин беше архаичен збор што повторно стана модерен, изјави Катарина Кебер од Институтот за историја при ЗРЦ САЗУ. Зборот карантин е изведен од италијанската фраза „quaranta giorni“ што значи 40 дена. Тоа е период на изолација, а зборот првпат е воведен во 1377 година во Дубровник. Според ЗРЦ САЗУ збор од знаковниот јазик е „коронавирус“ или „Ковид-19“, додека на второ место е „Зум“ (Zoom), а на трето место е „Бетовен“. ми/

Остани поврзан