• петок, 22 ноември 2024

Во Скопје 216 сообраќајни прекршоци, 40 за управување под дејство на алкохол

Во Скопје 216 сообраќајни прекршоци, 40 за управување под дејство на алкохол
Скопје, 10 април 2022 (МИА) - На територија на град Скопје во текот на вчерашниот ден во рамки на засилените акциски контроли на МВР во областа на сообраќајот, изречени се вкупно 216 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 63 санкции, а 40 за управување под дејство на алкохол. Мешу мерките, како што соопшти МВР се и 10 за возење без возачка дозвола, шест мерки за возач почетник, 48 санкции за прекршоци што ги прават пешаците, една мерка за минување на затворен сигнал (црвено светло), три санкции за технички неисправни и нерегистрирани возила...Засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до граѓаните да ги почитуваме сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта, наведуваат од МВР. вг/

Остани поврзан