• понеделник, 23 декември 2024

Во Скопје изречени 191 санкции, 58 за брзо возење, 26 за управување под дејство на алкохол

Во Скопје изречени 191 санкции, 58 за брзо возење, 26 за управување под дејство на алкохол
Скопје, 30 јануари 2022 (МИА) - Во рамки на засилените акциски контроли во областа на сообраќајот на Министерството за внатрешни работи, во текот на вчерашниот ден на територија на град Скопје изречени се вкупно 191 мерка, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 58 санкции, 20 мерки за возење без возачка дозвола, пет санкции за технички неисправни возила. Како што соопшти МВР, изречени се и четири мерки за возач почетник, пет санкции за зборување на мобилен телефон, пет мерки за минување на затворен сигнал црвено светло, 26 санкции за управување под дејство на алкохол.Засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови. Се апелира до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за зголемена безбедност во сообраќајот и посигурни патишта. вг/

Остани поврзан