• петок, 22 ноември 2024

Во скопско Ајватовци ќе бидат засадени 2000 дрвца

Во скопско Ајватовци ќе бидат засадени 2000 дрвца
Скопје, 25 ноември 2022 (МИА) - Здружението за заштита и обнова на животната средина „Treebanks“ во рамки на својата хуманитарна и општествено одговорна работа ќе засади 7000 дрвца на две локации низ државава. Денеска ќе се одржи акција за садење дрвца во атарот на скопското село Ајватовци. Садењето во село Ајватовци ќе трае додека не се засадат сите планирани 2000 дрвца или до крајот на работниот ден. На 26 и 27 ноември акцијата за садење ќе се префрли во Берово, каде треба да се засадат 5000 дрвца, површина од два хектара. Дрвцата ќе се засадат на терен што беше зафатен од пожарите во 2020 година. Акцијата за садење ќе почне во 10 часот, и ќе се реализира над село Будинарци во Општина Берово. Како што соопштија од Здружението, средствата за садење дрвца се обезбедени преку донации и од нивни сопствени средства. Здружението „Treebanks“ досега има засадено 15 000 дрвца на повеќе локации низ земјава. цр/хс/

Остани поврзан