Во синдикалната зграда во Велес ограбени три канцеларии на невладини здруженија
- Три канцеларии на граѓански здруженија сместени во приземјето на синдикалната зграда во центарот на Велес, се ограбени од непознати сторители, информира портпаролката на СВР Велес Билјана Ѓаковска.
Велес, 13 септември 2023 (МИА) - Три канцеларии на граѓански здруженија сместени во приземјето на синдикалната зграда во центарот на Велес, се ограбени од непознати сторители, информира портпаролката на СВР Велес Билјана Ѓаковска.
Крадците одземале повеќе предмети од канцелариите. Инаку овие простории се во сопственост на Општина Велес.
Ѓаковска посочи дека екипи на СВР Велес направиле увид на самото место и се преземаат мерки за откривање на сторителите.ад/ир
Фото: МИА архива