• петок, 12 јули 2024

Во Сингапур родено бебе со антитела на Ковид-19

Во Сингапур родено бебе со антитела на Ковид-19
Сингапур, 29 ноември 2020 (МИА) - Во Сингапур мајка што во март, за време на бременоста била инфицирана од новиот коронавирус, роди бебе кое има антитела, но не и Ковид-19. Бебето е родено минатиот месец. Тоа е нов доказ дека Ковид-19 може да се пренесе од мајкатана плодот. Се претпоставува дека мајката ги пренела своите антитела на плодот за време на бременоста. Светска здравствена организација и понатаму нема сознанија дали мајката може да ја пренесе заразата на фетусот за време на бременоста или на бебето за време на породувањето. Досега не е пронајден Ковид-19 во плодовата вода и во мајчиното млеко. Американските лекари во октомври соопштија дека е реткост пренесувањето на Ковид-19 од мајката на новороденчето. ми/

Остани поврзан