Во селото Шишковци почна десеттото издание на фестивалот „Балкански черга“
- Во селото Шишковци синоќа почна десеттото издание на Меѓународниот фестивал „Балкански черга“. Фестивалот на занаети, традиции и обичаи три дена собира гости и учесници од три соседни земји –
Софија, 17 септември 2022 (МИА) - Во селото Шишковци синоќа почна десеттото издание на Меѓународниот фестивал „Балкански черга“. Фестивалот на занаети, традиции и обичаи три дена собира гости и учесници од три соседни земји – Република Северна Македонија, Србија и Бугарија.
Ова е веста на денот од Република Бугарија, избрана на Бугарската телеграфска агенција (БТА) за објавување од МИА, согласно Договорот за размена на информации професионална соработка, кој предвидува секој ден националните информативни агенции на Северна Македонија и Бугарија да разменуваат директно избрана од другата агенција вест на денот на соодветната земја, а другата агенција да ја објави на својот интернет сајт без промени со изрично посочување и цитирање на партнерот како извор.
По повод 140-годишнината од раѓањето на Владимир Димитров – Мајстор, кој живееше во селото повеќе од 30 години, гостите на празникот ги пречекува 140 метри долг тепих кој се протега на влезот од селото, во близина на училиштето и црквата. Фестивалот уште една година има богата фолклорна програма, кулинарски и занаетчиски демонстрации, изненадувања за млади и стари.
Во фестивалските денови вклучени се и изложби на зелници, пити и баници, а ќе има и натпревар. Ќе има и демонстрации за подготовка на разни печива и качамак. Во програмата се вклучени и спортски натпревари.
„Фестивалот го нарековме „Балкански черга“ затоа што кога ќе собереме различни черги од Балканот, гледаме дека нема разлика. И чергата и Балканот имаат многу граници кои се прекројуваат и раскројуваат. Овде се обединуваме на заедничка черга - сакаме да го сошиеме, да бидеме без граници. Да седнеме на заедничка маса, на заедничка черга и да ги покажеме нашите шарени занаети, бидејќи тоа е она што е Европа – собир на традиции и бои“, рече еден од организаторите на фестивал и претседател на здружението „Роден крај“ Борислав Крумов.
Медиумската информативна агенција овие текстови ги објавува во оригинална форма, согласно Договорот за размена на информации и професионална соработка меѓу двете национални новински агенции МИА и БТА