• четврток, 07 ноември 2024

Во селото Брежани ќе биде отворена планинска куќа во рамки на проект за прекугранична соработка

Во селото Брежани ќе биде отворена планинска куќа во рамки на проект за прекугранична соработка
Дебрца, 30 септември 2022 (МИА) - Во селото Брежани во општина Дебрца денеска ќе биде отворена Планинската куќа Брежани, реконструирана во рамки на проектот „Нови можности за безбеден зимски авантуристички туризам“, финансиран од ЕУ Програмата за прекугранична соработка со Република Албанија и Министерството за локална самоуправа на Република Северна Македонија. Реконструкцијата на старата училишна зграда во селото Брежани и нејзината адаптација во Планинска куќа е реализиран од страна на Црвниот крст Охрид во партнерство со општините Дебрца од Република Северна Македонија и Грамш од Република Албанија, како и Алпинистичкиот клуб ПАТАГОНИЈА Охрид. Планинската куќа Брежани располага со 10 легла, тоалети, кујна и заеднички простории. Очекувањата се дека овој објект ќе придонесе за развојот на авантуристичкиот туризам во овој регион и дека ќе биде поттик за понатамошни заложби за инвестиции во авантуристчкиот туризам. цр/бак/

Остани поврзан