Во Сарај 102 санкционирани возачи, 22 без возачка
- На територијата на Сарај изречени се вкупно 102 сообраќајни мерки, меѓу кои за возење без возачка дозвола 22 санкции, седум за технички неисправни и нерегистрирани возила, а шест прекршоци шт

Скопје, 15 април 2021 (МИА) - На територијата на Сарај изречени се вкупно 102 сообраќајни мерки, меѓу кои за возење без возачка дозвола 22 санкции, седум за технички неисправни и нерегистрирани возила, а шест прекршоци што ги чинат возачи на мотоцикли.
Изречени се и 12 санкции за користење мобилен телефон, соопштија денеска од МВР, како и седум за некористење сигурносен појас и две за возач почетник. цр/са/