• понеделник, 13 мај 2024

Во САД снимена мечка како лови со глутница волци

Во САД снимена мечка како лови со глутница волци
Лос Анџелес, 10 јануари 2022 (МИА) - Во Националниот парк Јелоустоун во САД е снимен редок случај - мечка лови со глутница волци... Но потоа, таa им го краде уловот и побегнува со него. Мечките и волците обично не дејствуваат заедно, но во овој случај гризли-мечката им се придружи на волците во лов на елени. Но, кога убија еден, „натрапничката“ им го украде пленот на своите „другари“... https://www.youtube.com/watch?v=JkoTxHgXJX8 Ваквото „подмолно“ однесување кога единка од животински вид краде храна од друг вид, се нарекува клептопаразитизам. Претставниците на паркот велат дека не е невообичаено мечките да крадат храна од волците, но обично, тие се игнорираат меѓу себе.  си/сд/

Остани поврзан