Во САД родено бебе со антитела на Ковид-19
- Американските педијатри Пол Гилберт и Чед Рудник тврдат дека бремена жена која примила вакцина против Ковид-19, родила бебе со антитела на коронавирусот

Вашингтон, 17 март 2021 (МИА) - Американските педијатри Пол Гилберт и Чед Рудник тврдат дека бремена жена која примила вакцина против Ковид-19, родила бебе со антитела на коронавирусот.
Мајката првата доза од вакцината на компанијата Модерна ја примила во 36 недела од бременоста, а три седмици подоцна родила девојче, кое имало антитела. Лекарите ја анализирале крвта од папочната врска и откриле антитела.
Тоа е прв случај на бебе родено со антитела на Ковид-19.
- Според нашите сознанија, тоа е прв пријавен случај во светот на бебе родено со антитела по вакцинацијата на мајката, изјави Гилберт за американските медиуми
Тврдењата на педијатрите треба да бидат потврдени од експертите. ми/