• понеделник, 25 ноември 2024

Во руската област Белгород прогласена состојба на „антитерористичка операција“

Во руската област Белгород прогласена состојба на „антитерористичка операција“

Москва, 22 мај 2023 (МИА) – Гувернерот на руската област Белгород, Вјачеслав Гладков, изјави дека е прогласена состојба на „антитерористичка операција“ во регионот, откако диверзантска група поврзана со украинската армија ја преминала руската граница, јави агенцијата Анадолија.

Гладков на социјалните мрежи соопшти дека се преземени одредени мерки за обезбедување на безбедноста на граѓаните во Белгородската област на границата со Украина, „поради опасност од диверзантска група на Вооружените сили на Украина“.

Гладков изјави дека од денеска прогласиле состојба на „антитерористичка операција“ во регионот и нагласи дека се преземени одредени мерки и се воведени привремени ограничувања.

Според него, во дворот на една градинка паднала граната, а објектот целосно изгорел.

Портпаролот на Кремљ Дмитриј Песков изјави дека рускиот претседател Владимир Путин бил информиран за влез на украинска диверзантска група во рускиот регион Белгород.

- Целта на диверзантската група е да го сврти вниманието од Бахмут и да го намали политичкото влијание од загубата на Бахмут за украинската страна, рече Песков.

Советникот на украинскиот претседател Михаил Подољак изјави дека „единствена придвижувачка политичка сила во тоталитарна земја отсекогаш било вооружено партизанско движење“.

- Украина со интерес ги следи случувањата во регионот Белгород во Русија и ја испитува ситуацијата. Украина нема директна врска со ова, рече Подољак. јт/

Фото: Гугл мапс

 

Остани поврзан