• понеделник, 25 ноември 2024

Во Русија уапсен директор на ИТ компанија за предавство на државата

Во Русија уапсен директор на ИТ компанија за предавство на државата
  Москва, 29 септември 2021 (МИА) - Извршниот директор и основач на руската компанија за кибер безбедност „Група ИБ“, Илја Сачков е приведен во Москва под сомнение дека ја предал државата и му е одредена мерка притвор во траење од два месеца, се наведува во денешното соопштение на судот. Како што пренесуваат руските медиуми, полицијата вчера извршила претрес во канцелариите на компанијата на Сачко во Москва. Во извештајот на агенцијата ТАСС се наведува дека Сачков е осомничен за сторено кривично дело според член 275 од Кривичниот законик на Русија, што се квалификува како велепредавство. Компанијата преку соопштение потврди дека во нејзините канцеларии во Москва е извршен претрес и дека нема информации зошто е извршена рацијата. Од компанијата наведуваат дека сите услуги продолжуваат да работат нормално и дека безбедноста на податоците за клиентите ја обезбедува инфраструктурата на компанијата. „Група ИБ“ се фокусира на истрага за високотехнолошки криминали и измами преку Интернет, со глобална база на клиенти која вклучува банки, енергетски и телекомуникациски компании. паг/      

Остани поврзан