• петок, 14 јуни 2024

Во Русија уапсени двајца мажи поради шпионажа за Естонија

Во Русија уапсени двајца мажи поради шпионажа за Естонија
Москва, 6 октомври 2020 (МИА) - Руската Федерална служба за безбедност денеска соопшти дека привела еден војник и неговиот брат поради сомневање дека откривале државни тајни за Естонија. Војникот е приведен пред неговиот дом во Смоленск, а неговиот брат, кој е државјанин на Естонија,уапсен е во Псеков. Руската Федерална служба за безбедност не наведе какви информации наводно се пренесени на властите во Естонија, само дека е покрената кривична постапка поради велепредавство, дело за кое е предвидена затворска казнадо 20 години. Односот на Русија со балтичкитедржави,кои се членки на ЕУ од 2004 година и понатаму е тензичен поради голем број прашања. ми/

Остани поврзан