Во Русија се урна авион Су-30 за време на тренажен лет
- Министерството за одбрана на Русија соопшти дека денеска се урна воен авион Су-30, при што загинаа двајцата членови на екипажот
Москва, 13 ноември 2025 (МИА) – Министерството за одбрана на Русија соопшти дека денеска се урна воен авион Су-30, при што загинаа двајцата членови на екипажот.
Несреќата се случила за време на тренажен лет во Карелија, во близина на границата со Финска.
Авионот се урна во ненаселено место, а во леталото немало муниција. ми/
фото: МИА архива