• сабота, 23 ноември 2024

Во Русија блокирана интернет-страницата на „Хјуман рајтс воч“

Во Русија блокирана интернет-страницата на „Хјуман рајтс воч“
Москва, 18 април 2022 (МИА) – Во Русија од денеска е недостапна интернет-страницата на невладината организација „Хјуман рајтс воч“ (ХРВ) на барање на Државното обвинителство на Русија и одлуката на Министерството за правда. Руското Министерство за правда на 8 април го отстрани ХРВ од списокот на претставници на меѓународни невладини организации поради „прекршување на законот“, како и „Амнести интернешенел“, која еден ден подоцна објави дека сепак ќе продолжи да работи во Русија. ХРВ во соопштението наведе дека во Русија работи 30 години, а одлуката на Министерството за правда ја оцени како „нова железна завеса“ и долгорочна намера на руската Влада да ги задуши критичките гласови во Русија. Руското Министерство за правда отстрани 15 организации од списокот на претставници на меѓународни организации и регистрирани невладини организации, со образложение дека тие „го прекршиле рускиот закон“. ми/

Остани поврзан