• вторник, 05 ноември 2024

Во Пробиштип и Злетово делумно се отвараат пазарите

Во Пробиштип и Злетово делумно се отвараат пазарите

Штип, 24 април 2020 (МИА) - Делумно се отвора пазарите во Пробиштип и Злетово, оваа одлука денеска ја донеле членовите на Општинскиот кризен штаб на Пробиштип, соопшти градоначалникот, Драган Анастасов.

-Стручно оперативната група донесе заклучок за делумно отворање на градскиот пазар, само за продавачи на прехрамбени продукти во Пробиштип и во Злетово, за што ќе има дополнително известување за работното време и кои денови ќе работат.  Согласно Одлуката од Владата потребно е одржување на растојание од 2 метри и задолжително носење на маска, шал или марама, вели Анастасов.   Тој информираше  дека едно од лицата кои беа заразени од корона вирусот е излекувано, а како што вели во Општина Пробиштип во овој момент има само едно лице кое е заразено со вирусот. Апелира да се почитуваат  мерките, со цел заштита на населението од ширењето на вирусот. вдј/ир

Остани поврзан