• четврток, 21 ноември 2024

Во Прилеп претставена годишната изложба на ДЛУП

Во Прилеп претставена годишната изложба на ДЛУП

Прилеп, 3 ноември 2024 (МИА) - Во ликовната галерија на Центарот за култура „Марко Цепенков“ во Прилеп синоќа беше отворена годишната изложба на членовите на Друштвото на ликовните уметници од Прилеп. Пред прилепската публика се претставија 16 ликовни уметници кои ги изложија своите дела.

-Уметниците ги презентираа своите дела изработени во најразлични техники, материјали и форми. Публиката има можност да види слики, скулптури, графики односно творби кои се создадени во текот на годинава. Изложбата е традиционална и е дел од годишната програма на друштвото, поддржана од Министерството за култура и туризам, рече Методи Исков, претседател на ДЛУП.

На скулпторот Емил Солески Друштвото му додели награда за најдобро дело претставено на изложбата.

Изложбата е во рамките на одбележувањето на 3 Ноември, Денот на ослободувањето на Прилеп. ем/хс/

Фото: Центар за култура „Марко Цепенков“

Остани поврзан