• четврток, 04 декември 2025

Во пресрет на Спасовден, раката на најзначајниот светец и патрон на Србија - Свети Сава - донесена во Белград

Во пресрет на Спасовден, раката на најзначајниот светец и патрон на Србија - Свети Сава - донесена во Белград

Белград, 28 мај 2025 (МИА) - Раката на Свети Сава денеска беше донесена во Белград од манастирот Милешева, и по тој повод пред црквата Вознесение беше одржан свечен пречек, по што следеше празнична вечерна богослужба.

Православната црква и верниците утре го слават Вознесение Христово - Спасовден, што го означува 40-тиот ден по Велигден, кога Исус Христос се вознел на небото.

Литијата во Белград, по повод прославата на градот, ќе ја предводи српскиот патријарх Порфириј.Највредната српска реликвија за првпат ќе биде носена на литијата по улици  во главниот град на Србија. зш/
фото СПЦ

Остани поврзан