Во Прага дводневна средба на министрите за одбрана на земјите од Вишеградската четворка
- Во Прага денеска почна дводневна средба на министрите за одбрана на земјите од Вишеградската четворка - Чешка, Унгарија, Полска и Словачка.

Прага, 7 декември 2023 (МИА) - Во Прага денеска почна дводневна средба на министрите за одбрана на земјите од Вишеградската четворка - Чешка, Унгарија, Полска и Словачка.
На министрите утре ќе им се придружат претставници на Централноевропската одбранбена соработка (ЦЕДЦ) и на земјите од Западен Балкан за да разговараат за безбедносната ситуација во Украина и на Блискиот Исток.
Чешката министерка за одбрана Јана Чернохова попладнево ги пречека колегите од Словачка, Полска и Унгарија. мс/
фото: МИА архива