• четврток, 21 ноември 2024

Во посета на Бигорски манастир митрополит г. Николај од албанската православна црква

Во посета на Бигорски манастир митрополит г. Николај од албанската православна црква
Дебар, 19 септември 2022 (МИА) - Во посета на Свештената Бигорска Обител денеска беше Неговото Високопреосвештенство Митрополитот на Аполонија и Фиер г, Николај, од Албанската автокефална православна црква.
- Во неговата чесна придружба беа: нашиот сакан презвитер отец Николај од Тирана, ѓаконот Николај и десетина православни верници од Фиер. Ценетиот Владика и неговите сопатници беа пречекани достоинствено од нашиот старец и игумен, епископот Антаниски г. Партениј и од присутните браќа во Манастирот, информираа од Бигорскиот манастир.
Додаваат дека по многулетието и објаснувањето во храмот, гостите биле примени во големиот синодикон, каде што разговарале со владиката Партениј за повеќе актуелни теми во Православието.
Потоа архимандрит Доситеј им ги покажал главните содржини на манастирот, вклучувајќи ја книгохранителницата.
Таму, во книгата за впечатоци се запишал митрополитот г. Николај.
- Светиот Дух, кој го просветлува секој човек што доаѓа на светов, да ги просветува и да им дава сили на браќата монаси кои се молат и се подвизуваат во овој свет манастир. Со благослов и љубов во Христа, митрополит на Аполонија и Фиер Николај, напишал високиот гостин. вт/дма/

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан