• понеделник, 20 април 2026

Во поплавите во Пакистан и Авганистан загинаа 45 лица

Во поплавите во Пакистан и Авганистан загинаа 45 лица

Исламабад/ Кабул, 30 март 2026 (МИА) - Обилните дождови што изминатите пет дена предизвикаа катастрофални поплави и лизгање на земјиштето во Пакистан и Авганистан  доведоа до уривање на згради, при што загинаа 45 и беа повредени 74 лица, соопштија властите во двете земји.

Повеќето од смртните случаи се регистрирани во централните и источните делови на Авганистан, каде што бурата продолжи и денеска, соопшти националната канцеларија за управување со катастрофи.

Во Пакистан досега загинаа 17 лица, а повеќето се деца од покраината Хајбер Пахтунхва, долж границата со Авганистан, објавија службите за итни случаи.

Според ОН, Пакистан и Авганистан се меѓу најранливите земји на екстремни временски услови и климатски промени.

Во сезоната на монсуни минатата година во Пакистан, загинаа речиси илјада луѓе, а посевите, добитокот и домовите беа уништени.

Програмата за развој на ОН во извештајот од ноември наведе дека земјотресите, поплавите и сушите во Авганистан во 2025 година уништиле 8.000 домаќинства и ги довеле јавните услуги на работ на одржливост.сд/ссм/

Фото: ЕПА

Остани поврзан