• сабота, 21 декември 2024

Во Полска урнати три споменици на војници од Црвената армија

Во Полска урнати три споменици на војници од Црвената армија
Варшава, 20 април 2022 (МИА) - Во Полска денеска беа урнати три споменици на војници од советската Црвена армија. Станува збор за првите од околу 60 планирани да се отстранат, од страна на полскиот Институт за народна меморија (IPN), со цел да се заврши декомунизацијата на јавниот простор, јави Бета. - Во христијанска цивилизација, уништувањето гробови е варварски чин. Во мојата земја, во Полска, гробиштата се места за вечен одмор, што значи и за оние, кои, според нашите земни сметки, можеби, одмор и мир не заслужуваат. Но, неправдата кон жртвите, силувањето на историјата, историската вистина и чесноста, ги ставаат на пиедестал оние, кои не избрале слободна, независна држава, изјави денеска пред уривањето на споменикот во Сједлец, директорот на IPN, Карол Навроцки. Тој додаде дека Полска нема ни да ги допре гробовите на советските војници. Но, уште поодлучно ќе го примени законот од 2016 година, како и волјата на Парламентот, да се спроведе декомунизација на јавниот простор и да се забрани пропаганда со нацистички и комунистички симболи. - Советските симболи мора да се отстранат, не само поради лагите за историјата, туку и затоа што комунистичките симболи, како што се црвените знамиња и ѕвезди, ги користат и руските сили во Украина. Облечени во униформи на Руската федерација, со Ленин и Сталин во главите и во срцата, руските војници наводно ја ослободуваат Украина убивајќи жени, деца, убивајќи војници на независна држава, истакна Навроцки, пренесе полската приватна телевизија Полсат. И покрај острото противење на Русија, Полска ги отстранува спомениците за благодарност на Црвената армија, истовремено продолжува да се грижи за гробовите на војници од 2016 година, кога е усвоен новиот закон и на листата се нашле околу 500 несоодветни споменици. По законот, локалните власти мораа и да преименуваат улици. Претходниот шеф на IPN, Лукаш Камињски, ги отфрли категоричните обвинувања од Кремљ, дека Варшава „сака да го избрише од сеќавање тоа што за слободата на Полјаците од хитлеровите фашисти животите ги дадоа околу 660.000 војници на Црвената армија“. - Реакцијата на Русија не изненадува, но, помалку е апсурдна. Потегнуваат прашања за ликвидација на таканаречените споменици за благодарност на Црвената армија, а IPN планира да ги премести во музеи. Ние постојано повторуваме дека отстранувањето на споменици, не опфаќа и воопшто, гробови на советски војници, појасни Камињски. Тој рече дека на Западот, луѓето мислат дека „спомениците се подигнати од самите, благодарни, Полјаци“. - Меѓутоа, вистината е дека тоа е симбол на комунистичката диктатура по Втората светска војна, подвлече Камињски, по повод усвојување на законот и противењето на Русија. Според неговите зборови, спомениците, во најголем дел, се поставени од Црвената армија. бд/јт/

Остани поврзан