• недела, 17 ноември 2024

Во подготовка законот за линеарно зголемување на пензиите

Во подготовка законот за линеарно зголемување на пензиите

Скопје, 26 септември 2024 (МИА) - Законот за линеарно зголемување на пензиите е во подготовка, за пензионерите да го добијат зголемувањето од 5.000 денари, односно по 2.500 денари во септември годинава и во март наредната година, истакна денеска премиерот Христијан Мицкоски.

-Со ребалансот се предвидени овие средства за оваа година, но исто така во буџетот ќе бидат предвидени за следната година. Ќе видеме во зависност од тоа во каква кондиција ќе ни биде буџетот, ќе видеме какви одлуки ќе носиме за следното усогласување во септември, дали ќе имаме повторно процентуално зголемување или ќе имаме повторно линеарно зголемување, она што практично го бараат пензионерите, вели Мицкоски, кој присуствуваше на манифестацијата по повод годишнината од раѓањето на Мајка Тереза. 

Тој додаде дека во изборната  кампања, како партија ветиле дека  во првата година ќе се реализира линеарното зголемување на пензиите по 5.000 денари, а како што рече „за девет месеци од формирањето на новата Влада тоа ветување во целост ќе биде исполнето“. вдј/ев/

Фото: МИА 

Остани поврзан