• среда, 09 октомври 2024

Во Пехчево реализирани активности од проектот за поефикасно искористување на ресурсите

Во Пехчево реализирани активности од проектот за поефикасно искористување на ресурсите

Пехчево, 4 септември 2024 (МИА) - Претставници на проектот на УСАИД за зајакнување на капацитетите за искористување на ресурсите денеска одржаа заеднички состанок со вработени во Локалната самоуправа во Пехчево. Во рамки на средбата, како што информираа од Општината, се дискутираше за поефикасно планирање и извршување на буџетот.

-Општина Пехчево е дел од третата група на 24 партнерски општини кои соработуваат со Проектот на УСАИД за зајакнување на капацитетите за искористување на ресурсите, во периодот од мај 2023 до декември 2024 година. За таа цел денес, вработените во Општина Пехчево се сретнаа со претставници на проектот за да дискутираат за подобрување на наплатата на приходи од сопствени извори, како и за поефикасно планирање и извршување на буџетот, информираа од Општина Пехчево.

Овој проект, кој се спроведува од 2021 до 2026 година, има за цел да им помогне на локалните самоуправи да ги зголемат приходите од сопствени извори.

-Исто така меѓу главните цели на проектот е да се обезбеди поголемо надворешно финансирање, да се зголеми стапката на реализација на буџетот и да се унапреди извршувањето на децентрализираните надлежности, додадоа од Општината. 

Во наредниот период, Општина Пехчево како што посочија ќе продолжи да се залага за унапредување на овие капацитети, со цел обезбедување на подобри услуги за своите граѓани. вс/мч/

фото: МИА

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан