• сабота, 23 ноември 2024

Во Перу воведени одвоени ограничувања за движење на мажите и жените

Во Перу воведени одвоени ограничувања за движење на мажите и жените
Лима, 3 април 2020 (МИА) - Перу почна да спроведува нови строги мерки за да го спречи ширењето на коронавирусот, ограничувајќи го движењето на јавноста кај машкиот и женскиот пол. Мажите можат да ги напуштат домовите во понеделник, среда и петок, а жените можат да го сторат тоа во вторник, четврток и сабота, додека во неделите не им е дозволено да ги напуштат домовите, пренесува Би-Би-Си. Панама воведе слични рестрикции на почетокот од неделава. Во Перу има 1.400 потврдени случаи на заразени со коронавирус и 55 смртни случаи. паг/

Остани поврзан