• среда, 10 јули 2024

Во Осло ќе се додели Нобеловата награда за мир

Во Осло ќе се додели Нобеловата награда за мир
Осло, 9 октомври 2020 (МИА) - Норвешкиот Нобелов комитет ќе ја додели денеска Нобеловата награда за мир, единствената која се прогласува и врачува во Осло. Листата со номинираните е тајна, а единствено е познато дека оваа година бројот на номинирани изнесува 318, меѓу кои се 211 поединци и 107 организации. Во обложувалниците, меѓу главните фаворити за наградата се Светската здравствена организација, шведската активистка за борба против климатските промени Грета Тунберг и организацијата за слобода на медиумите Репортери без граници. гт/

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан