• петок, 05 декември 2025

Во општините Дебар и Центар Жупа избирачките места отворени навреме

Во општините Дебар и Центар Жупа избирачките места отворени навреме

Дебар, 19 октомври  2025 (МИА) -  Во општините Дебар и Центар Жупа, сите 43 избрачки места се отворени навреме.

- Гласачките места се отворени во седум часот. Гласањето во општина Дебар  се спроведува во 27 избирачки места од кои 22 се во градот, две во село Могорче и по едно во селата Џепиште, Горно и Долно Косоврасти.  Право на глас имаат 19.762 граѓани. Вчера своето граѓанско право го остварија 76 болни и изнемоштени лица,  изјави Рилинд Хаса, претседател  на Општинската изборна комисија во Дебар.

И во општина Центар Жупа избрачките места се отворени точно во 7 часот и гласањето, според Неџип Илјаз, претседател на општинската изборна комисија, се одвива без проблеми.

- Се гласа на 16 избрачки места, седум се во Центар Жупа, додека другите во селските населените места. Изборниот процес се одвива нормално. Вчера правото на глас го искористија 11 болни и изнемоштени лице, изјави Илјаз.

Во единствениот избирачки список за општина Центар Жупа се запишани 7.551 лица со право на глас . вт/лв/

Фото:МИА

 

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан